Почетна / Телевизија / Полска емисија за исцелители и бајачи на Алфа телевизија

Полска емисија за исцелители и бајачи на Алфа телевизија

 

“Шесто сетило” – емисија за најчудните европски исцелители

 

 

Од вечерва во 19:15 часот, Телма телевизија ќе ја емитува новата емисија која е продуцирана во Полска.

Дали навистина постои шестото сетило? Дали навистина постојат исцелители кои светот и своите пациенти ги доживуваат и на друг начин освен со поглед, со слух, со допир, со вкус и мирис?
 
Авторот на оваа документарна серија ќе посети и ќе сними десеттици хербалисти, шамани и врачеви, биотерапевти, луѓе медиуми што комуницираат со другата страна на познатото, духовни исцелители и бајачи низ цела источна Европа, вклучувајки го и Балканскиот полуостров.
 
 

 
Она што го прави различен авторот на оваа серија од другите слични, е што тој не се воздржува од тоа самиот да биде изложен на „лечење“, баење, да учествува во повикување на мртвите итн.
Самиот тој ќе ги искуси магичните напивки, ќе ги остеи на своја кожа пијавиците, огнените јазици, вжештените ножеви…
Се со цел најнепосредно да ви ги пренесе доживувањата, чувствата и емоциите овој човек ќе се изложи на прочитувања на духот и телото, на мистични ритуали и сеанси кои се далеку од познатите траидиционални методи за лечење на телото и душата…
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет
 
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со благодарница за успешната соработка со ТВ Пакет

“Почитувани, Институтот за развој на електронски комуникации прославува 2 години од основањето. По тој повод, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!