Почетна / Забава / Пејач или билдер? Крег Дејвид непрепознатлив!

Пејач или билдер? Крег Дејвид непрепознатлив!

 

Дали можете да го препознаете Крег Дејвид? Тој на Твитер порачува #EatCleanTrainDirty, но да не претерал малку со тенинзите? Дали некогаш би рекле дека ова е лице на 32-годишен маж и тело на еден пејач? Не би рекле ни ние.

 

 

Англискиот пејач Крег Дејвид е во фаза на снимање на шестиот албум, но фотографиите кои ги гледате не зборуваат за тоа. На нив можеме да го видиме пејачот во теретана, кој очигледно станал голем зависник од тренинзите, така да своето тело го довел до непрепознатливост. Дали тој сака да ни порача дека ја менува професијата и оти станува бодибилдер?

 

 

Покрај горната фотографија на својот Инстаграм, Дејвид напиша: „Само одам на оваа фотографија во мојот телефон, која е во фолдер Остани фокусиран и ме потсеќа дека секогаш треба да се враќам на траката. Го сакам чувството кога ќе ја постигнам својата цел, не слушајќи ги старите, уништувачки слабости кои ме враќаат на нивото на коешто бев претходно. Верувајте ќе ви успее!!! Се што слушам во себе кога ја гледам оваа фотографија е: „Престани да бидеш слаб и среди се… Си го направил тоа и претходно, што значи можеш повторно! БУМ!“.

Навистина е за пофалба кога луѓето се посветени на здрав живот и тренинзи, но ниедна крајност не е добра, а Крег делува како малку да претерал. Што мислите вие?

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …