Почетна / Телевизија / Нови светски документарни серии на Телма телевизија

Нови светски документарни серии на Телма телевизија

Три документарни емисии на Телма телевизија

 

Додека другите приватни национални телевизии емитуваат српски емисии и турски синхронизирани серии, Телма телевизија оваа сезона воведе збогатена програмска шема наменета за онаа публика која не го гледа споменатото. И секоја пофалба за нив. Серии од светски продукции како CBS, CW, BBC, Telemundo, филмови од најголемите холивудски продукции, а сега и документарни серии, гледани и познати во светски рамки.

 

 

Од понеделник до петок во 12 часот на пладне се емитува документарката “Необични животни”. Иако благодарение на интернетот повеќето мислиме дека сме виделе речиси се што може светот да ни понуди, сепак, секогаш ќе има нови и нови чуда кои ќе не направат вчудоневидени. Дури и да се сметате за страстен љубител на животните, се обложуваме дека некои предходно ги немате видено, а и дека повеќето нема ниту да ви се допаднат. Со оглед на тоа што на Земјата живеат повеќе од 1 367 555 идентикувани животнски видови (без инсекти), не треба да сте изненадени што некои од животинчињата во оваа емисија ќе ги видите за прв пат во животот. Некои слатки, некои морничави и страшни, некои пак бизарни,  но во секој случај впечатливи и неверојатни. А некои и веќе познати, но со доста нови интересни факти.

Од утре па секој нареден работен ден во 17:30 часот ќе се емитува “Човештвото – приказна за сите нас”. Оваа авантура ќе ни ја претстави историјата на човекот низ 12 дела. Билиони години требаа за да се создаде планетата, и билиони за да се создаде човечкиот род во услови кои постојано се менуваат. Приказна за опстанокот на човекот од камено доба па до ден денес, што се’ преживеаа нашите предци, како еволуираше нашата раса, со што се хранеа порано а со што се храниме денес, кои алатки ги користеа порано а кои се создадоа векови подоцна, како и многу други теми кои се интересни за проучување.

 

 

Покрај овие две документарни емисии, за време на викендите започна “Борбите пред Христа”. Бо сабота и недела во 17:30 часот ќе ги погледнете античките битки на Александар Македонски, Ханибал, Цезар, Џошуа, Давид, Мојсеј, битките меѓу Персија и Грција, како и приказните за египетските фараони.

Историја, географија, наука, религија, технологија, култура, цивилизација. Се’ на едно место на Телма телевизија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …