Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 16

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 16

 

Тристан забрзано се подготвуваше за да појде на работа. Мајка му го потикнуваше да побрза за да не стигне последен во рудникот.

–          Гледам дека и ти се брзаш да излезеш, – забележа Тристан.

–          Тристан, сине, не сакам повторно да се препираме за мојата работа. Не се работи за парите.

–          Тогаш, зошто мајко, зошто работиш во таа куќа? Не сакам да се напрегаш ниту да бидеш нечија слугинка на овие години.

–          Сите се пристојни со мене и ме третираат добро. Среќна сум што готвам за тие луѓе.

–          Во ред, и кога ќе имам можност да ја запознаам таа фамилија?

–          Од каде сега ова?, – се вознемири Саграрио. – Престани да ме третираш како да не знам да се грижам за себе, Тристан.

–          Во ред, во ред, не сакам денес да го почнам денот се расправии. Мајко, сакам да ти кажам нешто. Вљубен сум. Вљубен сум во најубавата девојка во градот…Јулиса.

–          Јулиса Ромеро? Ќерката на Макарија Ромеро? Не! Нема да ти дозволам да се гледаш со неа! Таа девојка носи несреќа. Освен тоа, знаеш дека работи за брат ти.

–          И што ми е грижа дали работи за Сантијаго или не? Јулиса е моја девојка и моја сопруга се надевам.

–          Но, синко…

–          Ни збор повеќе, мајко. Само сакам да знаеш дека Јулиса е моја девојка и ќе мораш да ја прифатиш како таква.

 

Тоа утро, Макарија се појави пред мансионот на фамилијата Фалкон. Откако Хосефина, слугинката ја прими внатре, Макарија влезе во големата куќа гледајки го сиот расош кој се простираше околу неа. Одеднаш почувствува нечија сенка и кога се заврте го забележа Матакан, верниот слуга на Вадо.

–          Што сакате?, – ја праша дрско.

–          Овде сум да го видам Вадо Фалкон.

–          Дон Вадо не може да разговара со ненајавени гости.

–          Моето име е Макарија Ромеро, – се претстави решително. –Тоа ќе биде доволно за да ме прими дон Вадо.

Скоро, Макарија беше пуштена во работната соба на кралот на залтото. Тој седеше на фотељата со чаша коњак пред себе и запалена пура во пепелникот.

–          Знаев дека ќе дојдеш,- рече полн со себе.

Макарија немаше трпение да биде љубезна со него. Решена беше да му го каже веднаш мотивот за таа неочекувана посета.

–          Дојдов да ти кажам дека сакам да ме оставиш на мир. Не сакам да ја узурпираш мојата кууќа ниту да ги тормозиш моите девојки. Зошто се врати во мојот живот, Вадо? Нашето заврши одамна и никогаш нема да ти го простам она што му го направи на нашето дете.

–          Го сторив она што сметав дека треба да го направам. Тоа дете не требаше никогаш да се роди, – одговори Вадо и стана од својата фотеља. Пријде до Макарија која сеуште важеше за убава жена. Ја грабна силно за половината со силна желлба да ја бакне, но таа остро ја заврте главата во спротивниот правец.

–          Што сакаш од мене? Кога умре нашето дете, умреа и сите мои чувства за тебе.

Вадо знаеше дека тоа е лага. Требаше само една искра за одамна згаснатиот пламен да ја разговри врелата страст. Еден негов бакнеж беше доволен да ја скрши омразата во неа. Повторно се обиде да ја бакне, но таа успеа да се извлече од неговите прегратки.

–          Ми се гадиш, Вадо!

–          Знам дека уште ме љубиш. Твоите усни се може запачатени, но твоите очи ја говорат вистината. Признај дека сеуште имаш чувства за мене.

–          Престани да си ласкаш. Уште тогаш заборавив на тебе. Мелчор Рентеира ми го покажа вистинскиот пат на љбовта, оној кој што ти не знаеше како. Тој човек ми дари ќерка која е моја светлина…А, ти Вадо, ти остана сам.

–          Јас сум опркужен со луѓе кои ме почитуваат.

–          Не, Вадо, тоа се луѓе кои ти се плашат. Луѓе кои те презираат како што те презирам и јас. Ти никогаш не си знаел да љубиш. Не ја љубеше ниту Роса Клара иако велеше дека таа девојка е твојата голема љубов.

–          Замолчи!, – извика грубо. Не сакаше кога пред него се споменува името на Роса Клара.

–          Дури ниту Роса Клара никогаш не те љубеше. Затоа не сакаше да знаеш каде се наоѓа нејзиниот син кога го роди!

–          Што знаеш ти за тоа момче?, – ја праша бесно, притискајки и ја раката.

–          Пушти ме! Семоќниот Господ го заштити тоа дете од тебе и твојот гнев.

–          Макарија, ќе ти дадаме се што сакаш во замена за синот на Роса Клара! За мојот син! Кој е? Каде е?

–          Се што сакам од тебе е да се држиш настрана од мојата ќерка. Јулиса е света.

–          Дали го познаваш тоа дете, Макарија?

–          Знам дека еден ден ќе се врати и ќе ја одмазди смртта на неговите родители, – моќно одговори Макарија и ја напушти просторијата.

Ниту едниот од нив двајца не беа свесни дека Ребека го прислушкува целиот разговор. Сестрата на магнатот која го презираше родениот брат за сите несреќи во својот живот, сега имаше тајно оружје во своите раце.

                Дон Вадо, удобно се врати на својата фотеља, не можејки да престане да мисли на Макарија. Таа жена беше една од ретките кои го интересираше и ја сакаше нејзината храброст што му се спротиставуваше. Но знаеше дека скапо ќе и ја наплати тајната што го крие внукот на Мелчор Рентеира. Единствена нејзина слабост беше нејзината ќерка Јулиса и беше спремен на се за да ја скрши Макарија. Запали нова пура и ја принесе чашката со коњак до устата додека гласно и подло помисли;

–          Само Ектор ќе знае како да ја освои Јулиса и да ја доведе во мојава куќа. А кога ќе биде во мои раце, се останато ќе биде многу лесно.

 

Дамијана шеташе нервозно по својата канцеларија тоа утро. Размислуваше за претходната вечер и она што се случи со Антолин. Цената која требаше да ја плати за неговите услуги беше преголема. Антолин, сега ја држеше в рака и беше подготвен на се. Можеше да зборуа со Вадо, да ја предаде, да и се одмазди што го одби. Мораше да зборува со него за да си го поврати мирот.

–          Трансито, – ја замоли верната секретарка. – Најди го Антолин Варгас каде и да е. Побарај го дома, во канцеларија, на мобилниот…каде и да е. Итно!

–          Веднаш, госпоѓице Дамијана. Уште нешто?

–          Не, тоа е се за сега.

–          Уште нешто, госпоѓице. Вашата мајка ве бараше неколку пати пред да дојдете. Ве барала и на мобилниот но  не сте биле достапна.

–          Не е важно. Подоцна ќе и се јавам.

 

Матакан го паркира црниот автомобил пред фирмата и го испрати дон Вадо до лифтот. Имаше неколку ката возење до неговата канцеларија, каде што веќе го чекаше Антолин Варгас. Утрото го помина во полициската станица на Малиналко. Ги предаде документите од истрагата пред комесаријатот и се беше подготвено за апсење на Тристан Фуего. Но, дон Вадо не сакаше ваквиот случај да дојде до суд. Се плашеше дека премногу валкан веш може да излезе на виделина доколку судот ја земе правдата во своите раце.

–          За што се работи дон Вадо?, – го праша Антолин кога Вадо влезе во канцеларијата. Антолин уште од пред еден час имаше добиено налог да се најде во нговата канцеларија на разговор.

–          Избрзавме.  Мојот углед вреди многу повеќе од стапицата која му ја поставивме на тој работник. Тристан Фуего може да прозбори ако го ставиме во затвор. Затоа одлучив, го сакам Тристан Фуего мртов! Ти ќе се погрижиш за тоа!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …