Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на чело на радиодифузниот сервис. Зоран Ристоски е името кое во наредниот период ќе го води медиумот.

Тимот на ТВ Пакет му ја честита новата улога на господинот Ристоски и му посакува успешна работа и делување во интерес на земјата и народот.

Тоа значи дека во менаџирањето на програмските содржини, покрај другите обврски, Директорот како водечка алка во медиумот, треба да го насочи својот фокус кон сите целни групи на гледачи, а тоа се деца, тинејџери, млади, возрасни и пензионери, како и кон сите социјални групи, обезбедувајќи програма за сите вкусови и за сите генерации на своите неколку канали.

Воедно, тимот на ТВ Пакет од срце се надева дека под палката на господинот Ристоски, Македонија ќе има ексклузивна можност да се врати на големата евровизиска сцена преку музичко сценски пакет кој ќе нѐ стави рамо до рамо со најголемите.

Во интерес на публиката, во интерес на квалитетот и добрите телевизиски практики, тимот на ТВ Пакет се надева дека новото раководство на Македонската радиотелевизија ќе успее да обезбеди домашна и странска програма за сите генерации, ставајќи го јавниот радидифузен сервис на ниво на српскиот, хрватскиот, и другите национални државни тв во регионот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
