Почетна / Забава / Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино и Синхро кое се одржува во Сараево, БиХ. По пауза од една година , тие повторно ја освоија титулата Светски Шампиони во детска категорија. Покрај титулата светски шампиони во Латино Шоу категорија деца тие освоија уште две значителни награди:

3то место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и
4то место, во Латино Шоy, возрасна категорија – најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танц дисциплина.

Тие се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола.

Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот , но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампиони , оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!