Почетна / Сапуници / Нова шпанска серија на Алфа со Кристијан Мејер

Нова шпанска серија на Алфа со Кристијан Мејер

 

„ПРВАТА ДАМА“
наскоро на Алфа телевизија

 

 

Нова шпанска серија на македонскиот етер и тоа на програмата на Алфа телевизија. Насловот „Првата Дама“ особено ги израдува фановите на актерот Кристијан Мејер кој ја толкува главната машка улога во оваа мистериозна драма.

„Првата Дама“ е колумбијска теленовела од продукцијата на Caracol Television, адаптирана на чилеанската верзија на Canal 13 од 2010. година. Во главните улоги се јавуваат Карина Крус, Кристијан Мејер, Кети Сенс, Џакелин Аренал и Кејлеб Касас. Снимена е во Колумбија во 2011. година, интернационалната верзија брои 95 епизоди, а националната 156 епизоди.

 

 

Приказната зборува за историјата на Палома, млада девојка дојдена од провинција со силни амбиции да се претвори во Првата Дама. Но, љубовта што ја чувствува кон Мариано, атрактивен директор на еден театар, го отежнува нејзиниот пат до остварувањето на она што го сака. Подоцна Палома ќе го оствари својот сон, но тоа ќе го отвори прашањето – што крие Првата Дама?

Наскоро на Алфа телевизија дознајте што крие Првата Дама.

 

 

 

 

 Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на „Женски рај“ зачудени – ТВ 24 и по втор пат ја укина серијата

ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!