Почетна / Серии / Нова серија на Алфа – „Миле против транзицијата“

Нова серија на Алфа – „Миле против транзицијата“

ТВ Алфа најавува нова српска серија во својата програма. Ќе се емитува во терминот 17.55 часот секој работен ден, а за што зборува приказната на „Миле против транзицијата“ дознаваме од содржината подолу.

 

Миле е човек кој во ова тешко време, типично транзициско за сите земји од регионот, се бори против транзицијата и на сатиричен и хумористичен начин ги искажува своите незадоволства и ги исмејува сите околу него. Тој е оженет и невработен човек. Тоа, сепак, не му пречи на свој начин, весело и транзициски да се обидува да ги реши неговите и проблемите на неговото семејство. Бара начини да се дојде до пари, сето тоа испреплетено со голема доза на хумор.

Миле прави чудни работи за да ја спаси Србија од транзицијата. Се преправа дека е во депресија за да може да ги оствари своите намери во борбата против транзицијата и Големиот брат.

Како режисер се потпиша Срџа Анџелиќ, а настапија следните актери: Зоран Цвијановиќ, Бранка Катиќ, Борис Миливојевиќ, Ана Марковиќ, Богдан Диклиќ.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!