Почетна / МК Сцена / Нова надеж на македонската музичка сцена

Нова надеж на македонската музичка сцена

 

Кристијан Пашоски e нов лик на македонската музичка сцена. Тој, од неодамна професионално се занимава со музика. Има само 17 години и за особено краток период успеа да создаде две прекрасни песни што имаат свои видео записи, така да полека но сигурно ја освојува македонската естрада.

Неговата прва песна е одлична балада зад којашто самиот Кристијан се појавува како автор на текстот, додека пак за музиката и аранжманот се погрижи Мими Марковски. Нејзиниот наслов е Без тебе. За видео записот на оваа песна беа задолжени Dream Cast production.

 

 

Пашоски исто така неодамна го промовираше и својот најнов видео запис за песната Играта на љубовта , којшто и овој пат се роди од взаемната соработка меѓу Кристијан и Dream Cast production. За музиката и аранжманот на оваа песна повторно беше задолжен Мими Марковски, додека пак текстот е на Кристијан. Тој со оваа песна годинава се појави на летниот фестивал во „Охрид Канео фест“, кадешто се врати со две награди и тоа трето место од публиката, и трето место од стручното жири.

Младото момче не застанува тука, тој се наоѓа на самиот почеток од музичката кариера и во иднина очекувајте многу новитети и изненадувања од негова страна. Кристијан, заедно со својот тим периодов работи на неговиот најнов проект што наскоро треба да се појави во јавноста.

 

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!