Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Новинарите на 360° добија награда за истражувачко новинарство

Новинарите на 360° добија награда за истражувачко новинарство

Новинарите на „360 степени“, Славица Филиповска и Зоран Јованоски, се добитници на наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2019 година, која ја доделува Здружението на новинарите на Македонија.

Наградата е за прилогот со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“, за кој нашиот тим, следејќи ги инспекторите на Управата за јавни приходи, беше во дневна и ноќна обиколка на продавници, локали и други бизниси во повеќе градови, а успеа да улови и обид за ургенција да не се пишува пријава, токму од колешка на инспекторите од УЈП. Управата потоа отвори внатрешна постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај вработената што ургираше. – објаснува тимот на емисијата на Алсат.

Наградената сторија беше емитувана во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат на 28 октомври 2019 година.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера.

Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2019 година за новинари од внатрешноста на Македонија му е доделена на новинарот Ване Трајков од Струмица за неговите прилози за проблематичниот тендер на ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Поради ситуацијата со коронавирусот во државата и препораките на институциите за избегнување на групни собири, ЗНМ овој пат не организира настан за свечено доделување на наградите. Од Здружението им честитаат на добитниците на наградите и ги охрабруваат колегите да продолжат со добрата работа и оваа година во интерес на јавноста, со подготвување на квалитетни новинарски прилози.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слободанка Илиевска е новото лице во утринската на Алфа

Ново лице на ТВ Алфа. Слободанка Илиевска која досега ја гледавме како презентер на вести …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!