Почетна / Сапуници / Непознати факти: Зоро

Непознати факти: Зоро

 Она што не го знаете за теленовелата “Zorro – La Espada y La Rosa”

 

 

Теленовелата е снимена според романот на чилеанската авторка Исабел Алјенде. Ова е прва шпанска eкранизација на истоимениот роман. Претходно се снимени само неколку американски филмови, но ниту еден од нив на шпански јазик. Зоро е продадена во над 100 земји ширум светот и се смета за една од најдобро продаваните теленовели на Телемундо. Теленовелата го означи враќањето на Освалдо Риос, кој по три години отсуство се врати пред малиот екран како таткото на Зоро (Кристијан Мејер). За својата улога на Алехандро де ла Вега, Освалдо доби две престижини актерски награди Fama и ACE.

 

Новелата е снимена на локации во Колумбија, Картагена, Вила де Леви и Богота, а пост продукцијата е правена во САД. Повеќето куќи во Вила де Леви биле од бела боја, па за потребите на снимањето истите биле прекречени во различни нијанси за да се добие колоритот на Калифорнија од 19-от век. Првата епизода на Зоро во САД ја гледале нешто помалку од милион луѓе, иако серијата како таква се смета за една од понеуспешните на Телемундо. На аудицијата за Есмералда, се појавила и Наталија Стреингард (која со Кристијан Мејер делеше романса пред екранот во успешната La Tormenta), но челните луѓе на Телемундо инсистирале улогата да ја добие токму мексиканката Марлене Фавела, најмногу поради физичката сличност со Кетрин Зета Џонс (партнерката на Зоро од филмот со Бандерас).

 

Покрај Наталија, за улогата на Есмералда се бореа и колумбиските актерки Стефани Кајо и Паола Реј. Паола била толку револтирана кога на крајот не ја добила улогата, што демонстративно го напушти Телемундо за кого ги имаше претходно снимено своите две најуспешни серии во својата кариера Pasion de Gavilanes и La mujer en el Espejo. За да биде што поуверлив како херојот од 19-от век, Кристијан Мејер за улогата на Зоро физички се подготвувал со месеци, притоа земајки часови за јавање и мечување. Артуро Пениче и Андреа Лопез (Фернандо и Марианхел) во Зоро глумат татко и ќерка, а во теленовелата Викторија, глумат љубовен пар. Насловната нумера Amor Gitano, изведена од најпопуларниот мексикански пејач Алехандро Фернандез во дует со Бијонсе, постигна огромна популарност во светот. Тоа беше прва песна која Бијонсе ја има испеано на шпански јазик.

 

Продукцијата потрошила над 10 милиони долари за потребите на серијата, искористени се над 900 костими, зад камерата работеле 80 луѓе, а 600 статисти се користени за време на снимањето. Mauricio Islas, Jorge Salinas, Amparo Grisales и Aura Christina Geithner се само дел од имињата кои беа споменувани дека ќе се појават во серијата пред да почне да се снима, но на крајот ниту една ѕвезда од споменатите не се појави во истата.

 

 

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!