Почетна / МК Сцена / Деколтето на Сани во сабота во „Фолк фест Роса“ на Сител телевизија

Деколтето на Сани во сабота во „Фолк фест Роса“ на Сител телевизија

 

Сабота, 11 февруари, 11.30 часот на Сител телевизија

 

Откако ЗАМП ја стави вон сила забраната за емитување на македонска музика, Сител телевизија со прикажување на Фолк Фест Роса 2016 . Фестивалот на новокомпонирани фолк рефрени се одржа на 25 ноември минатата година во новата зграда на МНТ каде своите нови песни ги промовираа познати имиња од фолк сцената.

 

 

Фестивалот е познат по тоа што е од ревијален карактер, а не натпреварувачки, па затоа и пејачите с еослободени од стегата за некаков си пласман или парична награда. Александар Димитров, првиот човек на манифестацијата вети и исполни – свеченост на раскош, убавина, нова фолк музика. На сцената на МНТ настапија Никола Грујоски, Зуица Лазова, нејзиниот Наум Петрески, неговата Анастасија Петреска, Благица Павловска, Јасмина Гуњова, група Академци, а особено внимание привлече Сани со нејзиното деколте и црна комбинација од тантела.

 

 

Водителка на натанот беше Ирена Спировска, облечена во бисерно бела комбинација со пердуви и светкави детали.

 

Димитров за неговиот фестивал ќе каже :

– Од Фолк Фест Роса с еизродија голем број на хитови, кои се веќе обнародени меѓу љубителите на народниот мелос без кој не може да помине ниедна веселба. Благодарение на нашата упорност и посветеност, радиото Роса и продуктот Фолк фест опстанаа толку долго време

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Даниел Данн ја преработи познатата песна од Владо Јаневски

Македонскиот пејач Даниел Данн направи препев на македонскиот евергрин на Владо Јаневски – “Чаирска романтика”. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!