Почетна / Сапуници / Невестата ни порасна!

Невестата ни порасна!

Дојде време и малата невеста да порасне!

 

 

Се започна со потсмев и шега, како во останатите земји така и во Македонија. Самиот наслов на индиската серија “Малечката невеста” предизвика различни коментари и контроверзии, но наспроти сета негативност од критичката маса, рејтинзите од сите телевизии кадешто е откупен овој проект докажуваат колку тој е успешен и исплатлив за нив.

Над 1000 епизоди досега ја раскажуваа оваа емотивна и уникатна приказна за малото девојче Ананди кое против своја волја добива сопруг наместо да оди на училиште, а Бог знае уште колку се планирани за снимање.

Епизодите што се емитуваат на Сител стигнаа точно до моментот кога доаѓа време дејството да се префрли 5 години подоцна, односно до полнолетството на Ананди и Џагдиш. Од почетокот на своето емитување па досега, оваа серија магично ја држи истата бројка на гледачи како никогаш да не го загубила својот сјај, “Малечката невеста” постојано се вбројува меѓу првите десетина најгледани програми во Македонија, а во својот термин на емитување е неприкосновена.

Драматичниот форшпан во продолжение ќе ви открие повеќе детали за настаните.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва на Сител… следува најпотресната епизода на „Азра“ досега!

Повторното појавување на Фатма ќе ги загрижи членовите на семејството Челен. Дали некој ќе “изгори” …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!