Почетна / Забава / Концертна промоција на „Изворно од Македонија“

Концертна промоција на „Изворно од Македонија“

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ и Битолското културно лето БитФест 2012 на 12-ТИ јули 2012-та во четврток ќе ја оддржат концертната завршница на вонвременскиот проект Изворно од Македонија. На овој проект беа документирани и сочувани на 5 компкат дискови над 120 македонски изворни песни од богатото музичко наследство, испеани од плејада на македонски уметници. Во четврток, на преубавиот простор на амфитеатарот Хераклеа, со концертна завршница и дел од песните снимени на овие компакт дискови, кои во македонската фонотека беа сочувани со сесрдна помош на Сенатор Рекордс, ќе бидат изведени дел од песните. Целата програма ќе биде комплетно во живо. Пејачите ќе бидат придружувани од Дрим Тим, кој за оваа прилика заедно со Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Сузана  Гавазова, Татјна Стефановска, Марјан Коцев и Јордан Митев во живо ќе ги отпеат македонските легендарни хитови. Бекстејџ и градот Битола Ве канат бесплатно да уживаме на Хераклеа, бидејќи влезот за сите заинетерсирани ќе биде бесплатен.

 

Оние кои сеуште не ги набавиле компакт дисковите ќе ја имаат уникатната можност по цена од само 99 денари да ги добијат оригиналните изданија на самиот концерт. Дојдете да уживаме во македонската традиција и во концертно случување во живо со песните кои со помош на овие компакт дискови се трајно запишани во македонската музичка историја…

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …