Почетна / Телевизија / National Geographic почна со емитување во 16:9 формат

National Geographic почна со емитување во 16:9 формат

Документарниот канал National Geographic Channel започна со емитување во widescreen 16:9 формат наместо досегашниот 4:3

NGC најави емитување во овој формат пред неколку недели со цел сателитските и кабловските оператори да се подготват за промена во дистрибуцијата на каналот. NGC е во понудата на сите македонски ТВ оператори.

 

NGC неодамна објави дека од 10-ти јули сите програмски содржини ќе се емитуваат во формат на слика 16:9 бидејќи голем дел од содржините се веќе достапни во овој формат. Неколку документарци кои се снимени во формат 4:3 ќе бидат прилагодени за widescreen формат.

Регионалниот директор на National Geographic Channel за централна и источна Европа, Карлос Ортега, изјави дека приказот на ТВ каналите во widescreen била една од долго подготвуваните и планирани активности со кои каналот ги исполнува потребите на гледачите.

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!