Почетна / Сапуници / Известување | На Сител започнува нова сезона од „Малиот ага“

Известување | На Сител започнува нова сезона од „Малиот ага“

 

Нова сезона од “Малиот ага” на Сител

 

Од вечерва на Сител телевизија во 19:50 часот започнува новата сезона од турската хит серија “Малиот ага”. Последните триесетина епизоди од серијата ќе имате можност да ги следите на Сител во наредниот период. Во продолжение, ве потсетуваме на содржината на “Малиот ага”.

 

 

Младите Синем и Али решаваат да се разведат по десет години поминати во брак, во кој го добиле и синчето Мехмет Џан. Синем е убава и паметна девојка кoja работи како невролог во една приватна клиника и не е свесна за вниманието кое го добива од машкиот пол, а пак Али работи во една маркетинг агенција на многу успешни проекти. Но двајцата често влегуваат во расправии и дошло време кога одлучуваат дека не сакаат да бидат повеќе заедно, но таа одлука изгледа не може да биде само нивна.

 

Нивното шестгодишно синче не може да се помири со разделбата на неговите родители и на секаков можен начин ќе се обиде да ги спречи во тоа. Тој е едно палаво дете, кое не прави само бељи во домот, туку и на училиште и на улицата на која си игра со другите деца. Мехмет не може да го сфати и прифати разводот, па така мајката и таткото ќе бидат приморани да му објаснуваат или да се преправаат пред него. Со детскиот и чист поглед кон светот, малиот ага ќе ја користи секоја прилика да ги зближи повторно своите родители, а тука се и семејствата на Синем и Али кои ќе мора да интервенираат во оваа ситуација.

Улоги: Birce Akalay (Синем), Sarp Levendoğlu (Али), Emir Berke Zincidi (Мехмет Џан)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …