Почетна / Серии / „Инсајдер“ – oдлична турска серија, со рекордна гледаност, започнува да се емитува од 28 декември на TDC

„Инсајдер“ – oдлична турска серија, со рекордна гледаност, започнува да се емитува од 28 декември на TDC

„Инсајдер“, e серија на една од најголемите продуцентски куќи во светот – Ay Yapim, од Турција и се смета за најгледана турска онлајн серија на сите времиња и тоа во над 50 земји. Од 28-ми декември, серијата ќе биде достапна на Timeless Dizi Channel, од 20:55 часот, со нови епизоди секоја вечер од понеделник до петок.

Серијата ја следи приказната за двајцата браќа, Сарп Јилмаз (толкуван од Чагатај Улусој) и Умут Јилмаз (го игра Арас Булут Инемли), кои биле разделени како деца и кои по многу години повторно се сретнуваат но двајцата се на различна страна од законот.

“Главната карактеристика на Сарп, мојот лик, е тоа што и покрај сите негови страдања,  тој успева да остане со нозете на земја. Честопати сум се прашувал како може да биде толку истраен со оглед на сè што претрпел. Но, во серијата се портретирани посебни, длабоки ликови, секој со својата приказнавели Чагатај Улусој за ликот што го игра во Инсајдер. „Подготовката за улогата започна 5-6 месеци претходно. Дојдов во САД, го сменив изгледот и тренирав боречки вештини и со огнено оружје “.

Веднаш по оваа улога, Чагатај – кој на сетот на Инсајдер ја запозна и својата љубов, актерката Дујгу Саришин, доби понуда од Нетфликс да биде главниот лик во првата турска серија во продукција на Нетфликс платформата, „Заштитник“.

Серијата „Инсајдер“ ќе се емитува од 28 декември на TDC. Oбожавателите на турски серии, заедница која постојано расте, со нетрпение ја очекуваат на безвременскиот канал Дизи кој веќе емитува високо ценети серии, а најпопуларните наслови меѓу гледачи се „Со Русија во срцето“, „Валкани пари и љубов“ и „Карасевда“.

На почетокот не ни знаат дека се всушност изгубени браќа. Несреќното детство на двајцата, тајните, гордоста и несреќните настани градат сценарио што ја остави публиката безз борови во сите 39 епизоди, зашто доби рејтинг 8 од 10 на IMDB. Исто така, „Инсајдер“ беше номиниран на наградите „Златна пеперутка“ „Пантен“ и „Награди за млади“ на Турција во дури 14 категории.
Чагатај Улусој е новата ѕвезда на турската кинематографија. Ја започнал својата кариера како модел, а потоа веднаш бил забележан и ангажиран од страна на познати турски режисери на филмови и серии.

Омилените турски актери Чагатај Улусој и Арас Булут Инемли признаа дека имале извонредна хемија на снимањето на Инсајдер, иако играле дијаметрално спротивни ликови и во однос на емотивниот регистар и во однос на „моралот“.

“Умут е млад човек кој пораснал без биолошки татко и поради оваа причина тој има некои емотивни проблеми. Тој бил киднапиран, присилен на питачење и имал мрачна судбина. Во основа, тој е во постојана борба со осаменоста “ – вели актерот Арас Булут Инемли за неговиот лик Умут Јилмаз. „Тој секогаш иронизира и се шегува затоа што хуморот и иронијата се негова маска и одбранбен механизам“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преглед на сите серии, термини на емитување и епизоди на Fox Life

Од сега ќе имате ексклузивна можност да следите и објава за сите серии кои ги …

error: Содржината е заштитена!