Почетна / Телевизија / Игор Џамбазов се враќа на МТВ со ново шоу

Игор Џамбазов се враќа на МТВ со ново шоу

Игор Џамбазов се враќа на МТВ со ново шоу

Името на новата програма којашто ќе го врати Џамбазов во својата матична телевизиска куќа е „Џамбазов Игор шоу“ или скратено ЏИШ, јавува Прес24.

ЏИШ не е класично шоу со гости. ЏИШ всушност, не е ни шоу со гости. ЏИШ е телевизиско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ шоу. Има малку од „Седуммина млади“, малку од „Бени Хил“, малку од „Мистер Бин“… Однапред смислени точки кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечови, римејк на познати филмски сцени. Познати личности од Македонија ќе глумат со мене. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ е антологијата на македонската поезија“, изјавил Игор за неделникот Република.

 

Интересно е тоа што водителот бил советуван да не го емитува шоуто во термин кога се емитуваат популарните турски серии на телевизија, оти е општопознато дека тие се тешки конкуренти, но тој изненадил со одлуката својата емисија да ја емитува токму во тие термини како протест против сапуниците.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!