Почетна / Телевизија / Дигиталната телевизија ќе ја воведат СРД и ФИНКИ

Дигиталната телевизија ќе ја воведат СРД и ФИНКИ

Дали сте подготвени за дигитална телевизија? СРД и ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) потпишаа меморандум за соработка со цел воведување на дигиталната телевизија по исклучувањето на аналогниот пренос на телевизиските содржини. Почетокот на оваа постапка е предвиден за средината од 2013-та година. Претседателот на Советот за радиодизуфија, наесен ќе започне јавна едукативна кампања за информирање на населението за воведување на дигитална телевизија. Од ФИНКИ, пак, потенцираат да се внимава при купување на нови телевизиски приемници тие да го исполнуваат DVB-T стандардот за прием на дигитална телевизија со MPEG-4 компресија. За оние што ќе ги задржат старите телевизиски приемници ќе се продаваат посебни уреди што дигиталниот прием ќе го претворат во аналоген.

Најновото истражување на СРД вели дека 57,4 % од населението е приклучено на кабелски мрежи, 15 % користи аналогни антени, 11,4 % ги прима телевизиските сдржини преку сателит, 8,8 % преку IPTV-мрежи и 6,9 % користат дигитален прием преку постојните комерцијални дигитални мрежи.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!