Почетна / Телевизија / Детската емисија „Пет плус“ со нов концепт продолжува на Телма

Детската емисија „Пет плус“ со нов концепт продолжува на Телма

 

40 епизоди домашна цртана серија на Телма – од понеделник

 

Со првата клапа на 11 ноември 2014 година во студиото на Телевизија Телма започна снимањето на новата детска ТВ серија „5+ Фамилија”. Серијата се снима во продукција на ОХО, организација за комуникации, продукција и едукација, во соработка со ТВ Телма и со поддршка на Министерството за информатичко општество на РМ.

 

 

Играната детска ТВ серија „5+ Фамилија“ е инспирирана од познатата детска емисија „5+“. Концептот е базиран на познатиот детски лик Петко, неговите пријатели, детективот Цветко и Комшо, и сите случки низ кои тие поминуваат. Креативен директор на серијата е Пеце Талески, кој ги истакна досегашните резултати постигнати со емисијата „5+“.

„Досега сме направиле повеќе од 2.500 емисии на македонски и повеќе од 1.000 емисии на албански јазик. Според податоците на нашиот Јутјуб-канал, дневно не следат околу 50 до 60 илјади деца, додека бројот на прегледувања на емисиите ’5+‘ во изминатиот период е околу 4.5 милиони. Тоа што досега сме го направиле нѐ прави горди и затоа одлучивме да одиме понатаму и да најдеме нови пријатели и соработници во нашата екипа“, рече Пеце Талески, директор на ОХО.

Продукциската екипа на серијата ја сочинуваат режисерот Игор Иванов – Изи, продуцентот Илија Тирицовски, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Снежана Поњавиќ – Муча, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, додека монтажата ќе ја направи Шенол Мехмед. Сценаријата на епизодите во серијата се на Билјана Крајчевска и Драгана Лукан Николоски.

Серијата „5+ Фамилија“ е заеднички проект на телевизиите Телма и Алсат-М, а епизодите ќе се емитуваат на македонски и на албански јазик. Серијата на Телма ќе се емитува секој работен ден во 11 и 16 часот.

 

 

Актерската екипа ја сочинуваат Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Игор Ангелов, Сања Арсовска и Зоран Љутков. Во најголем број епизоди со конкретни улоги ќе гостуваат и познати личности, кои ќе служат како пример за децата со својата професија и успехот што го постигнале. Покрај другите улоги ќе се појавуваат и децата од драмското студио „5+“.

Саундтракот во серијата е збогатен со старите хитови на „5+“ продуцирани од Игор Поповски – „Аудиохаус“, како и преработки на антологиски македонски песни од седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, продуцирани од Мите Димовски – „Студио Тралала“, сѐ со цел да се пренесе вредното македонско музичко наследство на децата во Македонија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инреком: За дигитализацијата на државата и медиумските слободи

Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!