Почетна / Серии / „Озборувачка“ и „Менталист“ со нови сезони на МТВ 1

„Озборувачка“ и „Менталист“ со нови сезони на МТВ 1

 

Од понеделник, на програмата на првиот канал на Македонската телевизија започнуваат четвртите сезони на американските серии „Gossip girl“ и „Тhe Mentalist“. Гледачите можеби досега и заборавиле која сезона последна се прикажуваше, затоа што сериите се емитуваат во различни термини, поради спортски натпревари често одат на прекини, а континуирано не продолжува нова сезона по завршетокот на една сезона. Иако беа рекламирани уште во март, сепак почнуваат сега. “Озборувачка” ќе се емитува од понеделник до петок во 21:20 часот, а пак “Менталист”, веднаш по неа, во 22:20 часот.

 

 

Во четвртата сезона на „Озборувачка“, ќе дознаете што ќе се случи со познатите ликови по завршување на летниот одмор. По враќањето од Париз, Серена ја очекува нов непријател во Менхетен, и тоа Џулиет која поради некоја тајна од минатото на Серена, решена е да и се одмазди и да и поставува замки. По нападот кој му се случи на Чак, тој почнува да се опоравува, а Ден се грижи за детето на Џорџина кое му го намести дека е негово. За Нејт секогаш има место за нова девојка, а срцето и умот на Блер пак ќе ја однесат кај Чак.

 

 

Четвртата сезона на „Менталист“ ги прати настаните по финалето на третата сезона во кое Патрик Џејн беше уапсен поради јавно убиство на еден човек за кој верувал дека е серискиот убиец кој долго време го бара поради тоа што тој ги убил неговите жена и ќерка. Но во почетните епизоди на сезоната, се открива дека убиениот не е тој што го бара нашиот менталист. Патрик Џејн е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови. Тој користи софистицирани вештини на забележувања, заклучувања и умствени манипулации, со кои му помага на еден истражувачки оддел од Калифорнија, т.е. институција, која им помага на локалните, државни и федерални агенции во решавање на сложена криминалистичка истрага.

 

 

Благодарение на својата единствена дарба, овој модерен Шерлок Холмс е секогаш чекор напред пред форензичките анализи, напредната криминалистичка технологија и сите колеги. Тој ги воочува најситните детали, игра паметни игри и ги чита емоциите на другите, со што на криминалците со комплексен профил и пореметени умови им поставува софистицирани замки со кои му откриваат факти за кои и самите не се свесни.

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатите „Чувари на плажата“ од 90-тите се враќаат на Телма

Од понеделник до петок на Телма телевизија во 17.30 часот ќе се емитува популарната американска …