Почетна / Забава / Втората вечер на Пиво Фест ги донесе звуците на регето и рокот (ФОТО)

Втората вечер на Пиво Фест ги донесе звуците на регето и рокот (ФОТО)

 

Петочната вечер на Пиво Фест 2017 ги донесе звуците на регето и рокот. Почнувајќи со реге составот Конкеринг Лајон, потоа најпознатата македонска група Нокаут чии песни ја кренаа публиката на нозе, за вечерта да ја доживее кулминацијата со Ален Исламовиќ од Бјело Дугме.

 

 

Покрај тоа што настапот на легендарниот рокер траеше повеќе од два и пол часа, гладната публика за урбана музика скандираше за уште.

 

 

– “Не сум првпат во Прилеп, но првпат сум на овој фестивал, одамна не сум бил овде и многу сум среќен што вечерва споделуваме убава енергија заедно со сите овие прекрасни луѓе”, изјави Ален за ТВ Пакет.

 

 

Вечерва на третата вечер од Пиво Фест 2017 ве очекуваат Елена Велевска, Анабела и Харис Џиновиќ. Бидете во Прилеп.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …