Почетна / Филм / Шпанска црна комедија и трилер драма на Вуди Ален во недела на Телма

Шпанска црна комедија и трилер драма на Вуди Ален во недела на Телма

📅 недела, 4 септември
⏰ 19:15 – Сонот на Касандра

Приказна за двајца браќа со сериозни финансиски проблеми. Кога трет човек ќе им предложи да се свртат кон криминал, работите одат лошо и двајцата стануваат непријатели. олин Фарел, Јуан Мекгрегор и Хејли Атвел во трилер драмата “Сонот на Касандра” на Вуди Ален во недела, 4 септември на Телма во 19.15 часот.

И за крај на викендот, Телма ќе ја емитува шпанската хорор комедија “Убиј го Бога”.

⏰ 22:15 – Убиј го бога

Дејството на филмот „Убиј го Бог“ се одвива во изолирана куќа на село за време на новогодишната ноќ: Карлос и неговата сопруга Ана ги канат братот и таткото на Карлос да ги поминат празниците со нив во изнајмена куќа. Како што започнува прославата, на прагот се појавува чудно бездомно џуџе, што ги зголемува веќе постоечките семејни тензии.

Непознатиот гостин тврди дека е Бог и најавува дека целото човештво ќе исчезне во зори со исклучок на двајца преживеани – кои ќе ги изберат присутните на вечерата. Но, дали џуџето е навистина Бог и дали претстојната апокалипса е вистинска? Ова е црна комедија за моралот, љубовта, неверството и религиозните верувања.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!