Почетна / Телевизија / Видео | Уште еден одличен настап на нашата Антониа во „Пинк ѕвездички“

Видео | Уште еден одличен настап на нашата Антониа во „Пинк ѕвездички“

 

Антониа ја испеа “Suze za kraj” и доби громогласен аплауз

 

Антониа од Скопје со уште еден прекрасен настап во “Ѕвездичките на Пинк”. Во најновата емисија, таа ја отпеа “Suze za kraj” и повторно доби одлични коментари од сите во комисијата.

За Хари Мата Хари, нејзината изведба беше чиста десетка, најдобра, кажано кратко и јасно. Дека песната е скроена за неа потврди и специјалниот гостин на жирито, Марија Седар, ланската победничка, која го пофали пеењето на Антониа во високите и ниските тонови.

 

 

– Има неколку од вас, девојчиња, кои сте вистински колешки на Марија Седар. Тоа е тој тип на пејачки кои песните ги пејат со леснотија во гласот, сосема природно и кристално јасно ги пеете висините. Ти си меѓу првите три четири најдобри девојчиња во оваа сезона, талентот кој го имаш е нешто кое може само некој одозгора да ти го подари.

 

 

Емисијата во целост ќе ја гледате во понеделник во 21.30 на Сител, а пак вечерва во “Еден на еден”, гостинки на Жаре ќе му бидат нашите ученсички во шоуто и потенцијални победнички, Антониа и Мартија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …