Почетна / Филм / Инфо | Кои филмови ќе ги следите на МТВ 1 следниве денови

Инфо | Кои филмови ќе ги следите на МТВ 1 следниве денови

 

Филмска понуда за следнава седмица за Македонската телевизија.

 

недела, 19.11.2017, 21.50 часот – “Вирусен фактор”

Денеска, ден, недела е време за кинеска трилер акција.

Откако се здобива со смртоносни повреди за време на една жестока мисија, агентот Џон решава последните денови да ги помине со мајка си која му открива една тајна што ја чувала долго време. Тој сака да ù ја исполни желбата и оди во Малезија, каде што се соочува со една немилосрдна криминалистичка организација. Таму го чека големо изненадување за коешто не ни сонувал.

 

 

понеделник, 20.11.2017, 20.40 часот – “Потемнет сјај”

Џовани Рибиси, Кристина Ричи, Џошуа Џексон, Франка Потенте ќе бидат дел од американскиот психолошки трилер “I Love your work”, кој премиерно беше прикажан на интернационалниот филмски фестивал во Торонто во 2003 година. Филмот зборува за Греј Евенс  – успешен, млад артист, на кој сѐ му поаѓа од рака. Тој е оженет со преубавата глумица Миа, снима високо буџетни филмови, има многу пари и голем број на обожаватели и фан клубови. Сепак, работите тргнуват по надолна линија кога ќе се посомнева во искреноста на својот однос кон сопругата, што го наведува да размислува за целиот свој живот Греј започнува да си замислува некои работи, како и дека некој обожавател го прогонува. Обидувајќи се да ја разграничи реалноста од илузијата, тој почнува да прави чудни работи кои ке му го сменат животот преку ноќ.

 

 

Вторник, 21.11.2017, 21.00 часот – “Ноќ во старо Мексико”

Принуден да го продаде  својот ранч, земјопоседникот од  Тексас, Ред Боуви, без пари, но горделив, не прифаќа да го живее животот како сиромашен пензионер. Наместо тоа, Ред решава со својот внук Галиј, кој штотуку го запознава, да седне во својот кадилак и да тргне по патот, исполнет со авантури, нарко дилери, жени и пиење. Тоа е само уште една ноќ во старо Мексико.

Филмот во шпанско американска продукција, во режија на Емилио Арагон, а во главните улоги Роберт Дувал, Џереми Арвин, Луис Тосар.

 

 

Петок, 24.11.2017, 21.00 часот – “Опасен човек”

И за крај на оваа работна недела, МТВ 1 ви го носи опасниот човек Стивен Сигал. Во трилер акцијата се запознаваме со Шејн.

По долгогодишната затворска казна за кривично дело кој не го направил, Шејн Дениелс е пуштен од затвор со извинување од страна на државата Аризона. Неколку часа откако излегува од затвор, тој станува сведок на дивеењето  на кинеската мафија и киднапирањето на една млада девојка. Во судирот е убиен и еден полицаец, кој никако не смеел Шејн да го види. Овој пат ,, во врат му дише” не само полицијата, туку и организираното криминалистичко подземје. Единствен излез му е соработка со руската мафија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!