Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Оваа песна ќе ја претставува Србија на Евровизија

Видео | Оваа песна ќе ја претставува Србија на Евровизија

 

Српската Анета Френклин ќе ја претставува Србија на Евровизија

 

Песната “Цел свет е мој” (Ceo svet je moj) во изведба на српската пејачка Бојана Стаменов е песната која ќе ја претставува Србија на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија во Виена во мај.

 

 

Вечерва во специјална емисија на Радиотелевизија Србија беше избрана победничката песна на Бојана, која се натпреваруваше покрај исто така младите пејачи Алекса Јелиќ и Даница Крстиќ. Бојана ги добила гласовите и од жирито и од публиката, а автор на нејзината песна е авторот на “Молитва”, песната која ја донесе Евровизијата во Белград во 2008 година.

Бојана за македонската публика не е позната, а пак српската ја познава од шоуто “Јас имам талент” од 2012 година, а често знаат и да ја споредат и со Анета Френклин.

Во продолжение, погледнете го настапот на Бојана, претставничката на Србија за Евровизија.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …