Почетна / Филм / Видео | „Водениот коњ“ оваа недела на Сител

Видео | „Водениот коњ“ оваа недела на Сител

 

„ВОДЕНИОТ КОЊ“
недела, 12:30 на Сител телевизија

 

 

Оваа недела во пладневниот термин за филмови на Сител телевизија ќе се емитува извонредното филмско остварување базирано според шкотската легенда за мистериозното суштество. Се работи за група туристи кои го посетуваат местото кадешто се зборува за легендата. Стариот жител раскажува за тоа како започнала легендата. Младо момче, истражувајќи го за него необјаснивото исчезнување на татко му, наоѓа големо јајце од кое потоа се изведува чудно суштество кое прераснува во нешто што го нарекуваат „Воден коњ“. Ова суштество, всушност својот живот го живее како единствен од својот вид, бидејќи тоа нема пол и умира веднаш откако ќе го снесе единственото јајце. Момчето што го пронаоѓа таканаречениот Крусо сега ќе мора да смисли како да скрие нешто што е толку големо.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Land of plenty“, „Gaya“, „Pegasus“ во новогодишното кино на Сител

По лудата новогодишна вечер која ја приредува телевизија Сител, во новата година следуваат интересни филмски …

error: Содржината е заштитена!