Почетна / Спорт / Започна сезоната 2019 на Формула 1 – Хамилтон прв, трката продолжува

Започна сезоната 2019 на Формула 1 – Хамилтон прв, трката продолжува

Луис Хамилтон и во новата сезона од Формула 1 почна да ја демонстрира силата на Мерцедес, пласирајќи се на пол-позицијата за трката за големата награда на Австралија. За 112 илјадити делови од секундата на второто место заврши Валтери Ботас. Финецот беше најбрз во третата квалификациска сесија, но во последниот круг Хамилтон го надмина. Ботас и тогаш водеше, но во третиот сектор од кругот на „Алберт парк“ ја загуби предноста.

Ферари беше доволно добар за да го освои третото место, во името на Себастијан Фетел. Шарл Леклер,заврши петти, а меѓу нив се пласира Макс Ферстапен од Ред Бул. Шести и седми беа „најдобрите меѓу останатите“, Грожан и Магнусен од Хас, а на осмата позиција Ландо Норис од Мекларен беше најдобриот дебитант – пренесува ТВ 24.

Трката на Формула 1 во Австралија се вози и во недела (17 март) со почеток од 6 часот и 10 минути. Правата за емитување на ова спортско задоволство ги овозможи телевизија 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …