Почетна / Серии / Теленовели / Сексапилниот Алекс од „Совршена“ го претстави новиот Мустанг

Сексапилниот Алекс од „Совршена“ го претстави новиот Мустанг

 

Бразилскиот хит е на чекор до големото финале

 

41-годишниот бразилски актер Родриго Ломбарди благодарение на својата улога во серијата “Совршена” успеа да ги привлече воздишките на македонските гледачки кои секоја ноќ уживаат во неговиот секси поглед, стајлинг и тело.

 

 

Родриго Ломбарди го толкува ликот на Алекс, богат бизнисмен кој не се грижи за децата од првиот брак и животот го минува со алкохол и проститутки. Неговата опседнатост со тинејџерката Енџел ќе ги премине сите граници, и ќе наиде на осуда од страна на гледачите.

 

 

Богат, привлечен и опасен заводник во серијата, а скромен и грижлив татко и сопруг во приватниот живот. Неговата сопруга Бети вели дека воопшто не била љубоморна на еротските сцени кои нејзиниот сопруг ги има во серијата, затоа што знае дека он е целосно професионалец и дека тоа е една од најважните улоги во неговата дваесетгодишна кариера.

 

 

ТВ новелата “Совршена”, добитничка на престижната награда ЕМИ за најдобра теленовела во светот за 2016 година, се ближи кон својот крај, а драматичните, возбудливи и опасни случувања навестуваат крај каков што не ни може да замислите.

 

 

Приказна за модата и гламурот, сага за тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата и дрогата. Многумина ќе се согласат – недостасуваше ваков проект на македонските телевизии кои ќе ги сруши сите табуа. Фановите во светот, па и кај нас, особено се оддушевени од главните актери, а жените сонуваат за еден секси бизнисмен како што е Алекс.

 

 

Актерот што го толкува ликот на Алекс инаку претходно го следевме во “Индија” и “Илузионист”, но очигледно е дека улогата во “Совршена” е неговата животна улога.

 

 

Ломбарди е инаку избран за заштитно лице на Форд за Бразил. На гала церемонијата одржана во Сао Паоло пред два дена, тој го промовираше новиот Мустанг 2018, кој на пазарот ќе се најде следната година.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply