Почетна / Живот / Започна Саемот на книга 2020 под отворено и со посебни протоколи

Започна Саемот на книга 2020 под отворено и со посебни протоколи

Под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“  започна Саемот на книга 2020 на отворено што се одржува пред А1 Арена СЦ „Борис Тајковски“, кај Аква Паркот, под монтажни објекти. Повеќе од 40-тина издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија на Саемот на книга 2020 што ќе се одржува до 14 септември.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, домашна и странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Саемот на книга и оваа година е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Билетите ќе може да се набават онлајн на www.karti.com.mk и на билетарите пред влезот на Саемот.

За време на Саемот на книга 2020 ќе важат следните мерки:

• Бројот на посетители присутни во еден момент на Саемот на книга 2020 е ограничен и ќе биде регулиран од страна на редарска служба
• На влез на саемот, на секој посетител ќе се мери телесна температура со бесконтактен термометар. Влез ќе биде овозможен само на лице без покачена телесна температура
• Задолжителна дезинфекција на рацете на влезот на саемот и на штандовите
• Задолжително е носење на заштитна опрема (маска, марама) за покривање на носот и устата. Нема да биде дозволен влез на лица без заштитна опрема
• Задложително почитување на мерката за држење дистанца на минимум растојание од 1,5-2 метра
• Коридорско движење низ Саемот за да се намали гужвата со одвоен влез и излез од Саемот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на …

error: Содржината е заштитена!