Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #21 |Alevosía

Предавство, епизода #21 |Alevosía

 

 

Смрта на Игнасио предизвика голема тага кај сите кои го познаваа. Иако не беше најсакана личност, неговото заминување предизвикува голема тага и рана кај познаниците.

Гинекологот ја известува Анхелес дека детето кое го очекува е во ред, дека стресот настанал поради загубата на својот татко. Ја замолува да ги мине деновите во мирување.

Исплашен дека може да го загуби детето, Густаво и нуди на Анхелес да помине неколку дена во неговиот стан, што девојката радо прифаќа.

Луисја ја замолува Чоле да спреми се што е потребно за оплеото на Игнасио, дека сака пријателски да го испрати до неговиот вечен дом.

Анхелес не може да се помири со загубат ана својот татко, постојано плаче иако Густаво ја моли дека треба да се смири за доброто на нивното дете. Во момент на слабост и погодена од грижата која тој ја покажува за нероденото бебе, Анхелес му признава дека детето кое таа го чека не е негово туку на Дарио.

Густаво кој повторно е поврдене поради наседнатите лаги го напушта станот и заминува во барот на Хоакин каде што по две текили му признава на пријателот дека повторно бил насамарен и дека Анхелес чека дете од Дарио.

Каетана, една од стажантките во клиниката Нуева Вида, сосема случајно ќе открие дека пилулите кои ги пиел Игнасио Соријано не биле нитроглицерински, туку дека биле обични аналгетици.

По погребот на Игнасио Соријано, Октавио ја лаже Лусија дека Игнасио отсекогаш го сметал него за достоен заменик во клиниката  на местотот претседател. Лусија го информира дека не е ни време ниту пак место за тие разговори.

Каетана му ги признава своите сомнежи на својот пријател Дарио дека некој намерно ги заменил пилулите на Игнасио Соријано. Од друга страна пак, Дарио и признава на Каетана дека Хоакин му кажал дека Анхелес чека негово дете и не знае како да постапи.

Доцна таа вечер, Густаво ќе ја побара Лусија признавајки и дека не може да живее без неа. И рпизнава за новата стапица на Анхелес а меѓу другото и дека не може да живее без неа. Иако детето кое Анхелес го чека е од Дарио, Лусија му вели на Густаво дека секој пат кога ќе се обидат да бидат заедно нешто ги разделува и дека најдобро е да не се ни обидуваат веќе.

Густаво ја топи својата тага во барот на Хоакин каде што му признава на својот пријател дека размислува да се врати во Мексико Сити.

Следното утро, Октавио ја посетува Анхелес лажејки ја дека нејзиниот татко пред самата смрт бил со Густаво Монтемар и дека само хирургот е виновен за неговата смрт.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …