Почетна / Серии / Видео | Втората сезона од „Сенки над Балканот“ повторно на МТВ 1

Видео | Втората сезона од „Сенки над Балканот“ повторно на МТВ 1

Втората сезона од најгледаната српска серија „Сенки над Балканот“ репризно на Македонската телевизија. Секоја сабота и недела во вечерните термини, уживајте со најдобрата српска серија од најнова продукција.

„Сенки над Балканот“ е спектакуларен спој на акција и драма, мистерија и возбуда, која се одвива од калливите улици на Јатаган маало, сѐ до блескавите виенски коридори на власта. Структурата и драматургијата на втората сезона е комплексна и повторно ќе проследиме неколку паралелни приказни кои на крајот сите ќе се преточат во една.

Главните ликови Тане (Драган Бјелогрлиќ) и Станко (Андрија Кузмановиќ) се повторно заедно, во средиштето на мистеријата од која во цела Европа може да настане хаос. Сојузништва се склопуваат и се раскинуваат, љубовни врски се раѓаат и се распаѓаат, пријателот ќе направи предавство, а непријателот ќе менува страни бидејќи сите се борат за своја превласт.

Меѓународни завери, тајни организации, екстремна идеологија, војни за нарко бизнисот и декаденција се дел од историската позадина и возбудливата потрага за решавање на мистеријата од свирепи злосторства кои го потресуваат Белград во 1934-та година.

Улогиите ги толкуваат Марија Бергам, Ненад Јездиќ, Горан Богдан, Јована Стојиљковиќ, Милош Самолов, Срѓан Жика Тодоровиќ, Гордан Кичиќ, Никола Ѓуричко, Небојша Дугалиќ, Бранимир Брстина, Марко Живиќ, Тони Михајловски и Петар Арсовски, како и новите актери Наташа Нинковиќ, Леона Парамински, Богдан Диклиќ, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж и Игор Ѓорѓевиќ.

Од оваа сабота и недела на МТВ1 гледајте ја репризно хит серијата „Сенки над Балканот“ во 22:00 часот

Gepostet von МРТ1 Промо am Mittwoch, 1. April 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!