Почетна / Филм / Канал 5 со викенд филмови „The life before her eyes“ и „Mr. Nobody“

Канал 5 со викенд филмови „The life before her eyes“ и „Mr. Nobody“

Во деновите на изолација, секоја сабота и недела, во вечерните термини, ќе се емитуваат американски играни филмови на Канал 5 телевизија. Во сабота, 4 април во 23.15 часот ќе се прикаже трилерот “Животот пред нејзините очи” со Ума Турман во главната улога.

Приказна за учителката Дајана, која живее со нејзиниот сопруг и ќерка, но сенките од минатото ќе ја навратат кон средношколските денови и моментот на една трагедија во училиштето. Трауматичното искуство од минатото ќе ја натера да се преиспита себеси, односот со пријателката и да открие нешто што никој не очекувал.

Што би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?

“Господин Никој” е фантастична драма за реалните ситуации во животот на секој човек, но умешно испреплетени со фантастичното, така за да во ниту еден момент не заборавиме дека во нашите животи сепак, не можеме да живееме различни сценарија.

Ова е еден од оние филмови кои ќе ве натера да се запрашате: Имав ли избор да живеам поинаку? Зависно од вашите одговори, можеби ќе успеете да дојдете до вистината, a oдговорите си ги давате во недела на Канал 5 во 22.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пладневна воена драма „А, зорите тука се тивки“ за викенди на Сител

На 23 и 30 мај на пладне, Сител ќе емитува воена филмска приказна, снимена во …

error: Содржината е заштитена!