Почетна / Телевизија / Владата ќе им даде пари на македонските телевизии заради кризата

Владата ќе им даде пари на македонските телевизии заради кризата

Владата обезбеди помош за радиодифузерите со цел справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Ќе се подмират нивните долгови настанати заради користење на дигитален терестријален мултиплекс, а за таа намена ќе бидат одвоени 31.732.390 денари или 515.974 евра. Средствата, како што се наведува во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе бидат превземени од Фондот за помош за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Средствата ќе се исплаќаат врз основа на извештај за настанати долгови доставен од страна на операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс, за надомест на трошоците на радиодифузерите, кои од регулаторното тело добиле дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, за дигитализација за 2020 година.

На овој начин, подеднакво ќе им се помогне на сите национални, регионални и локални телевизии, и тоа конкретно во делот на дигитализацијата, аспект што се покажа особено важен, а многу често и неопходен за непречено функционирање во новонастанатата состојба предизвикана од коронавирусот, се вели во соопштението од МИОА.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Прекршочни за телевизиите ако емитуваат ППР со малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!