Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Томовска, Завков и Грујовски на гости во фолк шоуто „7/8“

Видео | Томовска, Завков и Грујовски на гости во фолк шоуто „7/8“

Уште една бомбастична тројка ќе угости нашата шармантна водителка Анита Даева во неделното шоу “7/8”…сите со голем музички багаж зад себе, доследни на тоа што го работат и презентираат пред публиката, долги години макотрпна работа, турнеи и давање од себеси на сметка на својот семеен живот…

На огромно задоволство на BalkanMusicTV, на гости доаѓа дамата и фолк пејачка Виолета Томовска, жена што може да се рече дека неколку пати и пркосела на смртта и храбро чекори низ животот. Низ својата богата музичка кариера таа не благослови со своите многубројни песни и музички дуети од кој вреди да се спомене оној со Кирил Манчевски.

Потоа познатиот хармоникаш, композитор и аранжер Милан Завков со импозантна биографија на создадени песни, ора и аранжмани, како и со долгогодишно раководење на оркестарот при ансамблот “Танец” ќе ги разнежни и развесели срцата на Македонците. За двајцата може слободно да кажеме дека целиот свој живот преку песните и турнеите по светот се наши големи амбасадори на македонската традиционална и фолк песна.

И на крајот шармантниот Благоја Грујовски кој отсекогаш знаел како со одбраните хитовски песни да ги погоди своите многубројни обожаватели, да не речам обожавателки.

На фреквенцијата на BalkanMusicTv следува едно пријатно завршување на уште една измината недела…Не пропуштајте го фолк шоуто “Седум осмини”, секоја недела во 19.30 часот, со репризни изданија во среда 21:00 , четврток 10:00 , петок 02:00 и сабота 15:00

Виолета Томовска, Благоја Грујовски и Милан Завков гости во 7/8

Недела, 19 и 30, Балкан Мјузик ТВ

Gepostet von BalkanMusic TV am Samstag, 15. Februar 2020

 

Освен на кабловската BalkanMusic TV, оваа емисија се емитува и на локалните телевизии низ земјава. Секоја сабота во 22.30 часот на Прва скопска МТМ ќе се емитува “7/8”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По британската верзија, Сител ќе го емитува и „America’s got talent“

По завршување на “Британија има талент”, Сител телевизија ќе ни ги претстави најновите таленти, овојпат …

error: Содржината е заштитена!