Почетна / Серии / Научнофантастичниот вестерн „Firefly“ секој викенд на Нова С

Научнофантастичниот вестерн „Firefly“ секој викенд на Нова С

Сабота и недела во 18 часот на кабловската Нова С ќе се емитува американската научно-фантастична серија “Вселенски брод” во 14 продолженија.

Оваа вестерн СФ приказна е дело на авторот кој ги создаде “The Avengers” и “Buffy the vampire slayer”. И покрај тоа што траела само една сезона, серијата добила голем број на фанови, па затоа и бил снимен игран филм како завршеток на приказната.

Дејството на серијата е поставено во иднината, во 26. век, во кој човечкиот вид живее во нов ѕвезден систем, а планетите се населени со луѓе, кои се под контрола на моќната централна власт позната како Алијанса. Деветте главни лика претставуваат разновидна група на луѓе кои се нашле на Serenity, брод за шверц на огнена светлина, како екипа или патници, а секој од нив се обидува да живее слободно на свој начин.


Протагонистот е капетанот и сопственик на бродот, Малколм „Мал“ Рејнолдс. Мал и неговиот прв офицер, Зои Вашбурн, се ветерани на Граѓанската војна, кои не сакале да ја послушаат Алијансата. Интересни карактери на едно место со една цел – да се преживее во новиот свет. Македонските гледачи кои ја обожувале “Star trek”, ќе ја сакаат и “Фајрфлај” поради оригиналните СФ елементи, хумор и многу авантури.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!