Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Познатите се сеќаваат на најубавите моменти во шоуто „Моја свадба“

Познатите се сеќаваат на најубавите моменти во шоуто „Моја свадба“

Во недела 13:30 часот  на програмата на BalkanMusicTv  се емитува 10-та сезона на вашата омилена емисија “Моја свадба”. Со досега поминатите сезони во медиумскиот етер и гости најмногу од Македонија и пошироко од Балканот, оваа емисија го заслужи вниманието на нашите гледачи.

Првичната идеја се роди за да се промовираат обичаите и традицијата која се негува во подготовките и текот на секоја свадба. Секако, тоа отсекогаш беше зачинето со многу музика која и те како е значајна за секоја семејна веселба. Во текот на сите години се менуваше и амбиентот на снимање како студио, ресторани, но и на отворено под ведро небо (летна шема). Тука гостуваа многу познати музички имиња, актери, политичари, водители, се промовираа многу музички видеа и нови имиња на естрадата.

Со помош на пријателите – помагачи на емисијата “Моја свадба” се доделуваа награди, одмори, патувања, попусти ваучери што секако беше омилениот момент за верните гледачи. Сепак главниот акцент се секогаш свадбарските теми кои се застапени во секоја емисија и кои го даваат главниот белег и убавина на истата.

Гости во новата емисија (16.02.2020) се Петар Тодоровски од Дипломатик бенд и Џони од Балтик бенд. За музиката ке се погрижат Балтик бенд од Ниш, Соседна Србија.

Џони Балтик и Петар Тодоровски, на гости во Моја Свадба!!!

Недела, 13 и 30, Балкан Мјузик ТВ!!!

Gepostet von BalkanMusic TV am Freitag, 14. Februar 2020

Премиерата на емисијата е во недела  13:30, а репризните изданија на Балкан Мјузик ТВ се во недела 02:00 , среда 20:00 , петок 15:30 и сабота 02:00. Покрај оваа фреквенција, шоуто се емитува и на локалните телевизии ширум земјава. На Прва скопска МТМ се емитува во истите премиерни термини.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„20 секунди“, квиз на знаење секоја сабота и недела на МРТ 1

Секоја сабота и недела во 20.15 часот на МРТ 1 ќе се емитува новиот квиз …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!