Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Остани дома и празнувај со новогодишното издание на „Преспав”

Видео | Остани дома и празнувај со новогодишното издание на „Преспав”

Новогодишно издание на вашиот омилен ситком “Преспав”.

Традиционално, трета година, македонските гледачи пред малите екрани ќе ја дочекаат новата година со нивната омилена телевизиска содржина.  Останете дома за Нова година и празнувајте одговорно со ,,Преспав” на МРТ, порачаа од продукцијата, чија новогодишна епизода ќе се емитува од 21 часот.

И оваа година ,,Преспав” подготвува три – часовна новогодишна програма со многу песни проткаени во самите дејствија, налик мјузикл, што ќе се емитува на 31.12.2020 со почеток во 21:00 часот на МРТ1.

Во новогодишната епизода, пансионот се соочува со истите предизвицhttps://www.tvpaket.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/prespav301220202.jpgи како и угостителскиот сектор во моментов, поради пандемијата, но сепак не се откажува од прославата и позитивниот дух.

,,Преспавци” како вистинска фамилија, самите ќе си приредат забава со многу песни и танцување, а ќе им се придружат и ѕвезди од македонската естрада, но преку лајф стриминг.

Дел од музичките гости во новогодишното издание ќе бидат Влатко Стефановски, Дарио, Ѓоко Танески, Сузана Спасовска. – најавуваат од продукцијата.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Играјте „На тепка“ онлајн со Ненад и освојте интересни подароци

Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации, пред …

error: Содржината е заштитена!