Почетна / МК Сцена / Видео | Лила ја запеа нејзината прва песна во дует со млад пејач

Видео | Лила ја запеа нејзината прва песна во дует со млад пејач

Малечок бев кога оваа песна беше хит! Денес, ја имав таа чест да ја отпеам заедно со мојата драга пријателка  Лила Филиповска ! А наскоро, нешто ново од нас двајца…  – објави младиот и перспективен македонски пејач Филип Пешевски.

На социјалните мрежи, тој објави кратко видео каде заедно со Тв водителката Лила ја пее “Ти верував до крај”, првата песна на Лила во нејзините “млади” времиња кога се испроба во музичките води.

„20 години подоцна…Ти благодарам Филип, што ме потсети на едно дамнешно но преубаво време…”Ти верував до крај “ е песна што ја напиша Роберт Саздов а текстот е мој ❤️ и искрено секогаш ми буди убави емоции се надевам и на вас драги другари“ – напиша Лила во описот на видеото.

Во продолжение погледнете ги Лила и Пешевски во дует, а што е тоа следно што го најавуваат двајцата, остануда да видиме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Погледнете го новиот музички спот на Пепа Димитрова

Пепа Димитрова го претстави видео записот за својата најнова песна “Студени очи”.  Комплетен автор на …

error: Содржината е заштитена!