Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / И српската емисија „Куќа од срце“ репризно на Алфа во прајмтајм

И српската емисија „Куќа од срце“ репризно на Алфа во прајмтајм

“Куќа од срце”  репризно од понеделник до петок во 21.10 часот на Алфа телевизија. Oваа емисија има за цел да им помогне на сите оние семејства кои се соочиле со несреќа во животот, па така освен тоа што им го решава станбеното прашање, им помага и дополнителнително материјално.

Овој телевизиски проект ги згрижува најзагрозените семејства, а во акцијата се вклучени многу организации и поединци кои сметаат дека хуманоста е еден од врвните принципи за секој човек, кои сакаат да помогнат и да донираат за идниот дом на семејството кое живее во мизерни услови.

Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија, поведени од хумани мотиви ќе го изградат домот и целосно ќе го опремат.

Додека домот се гради, семејството е сместено кај роднини или пријатели. Куќата треба да биде изградена во рок од триесетина дена. Последниот ден е финалето во кое семејството се вселува во куќата, ден кој е исполнет со многу емоции, кои никого нема да остават рамнодушен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џамбазов до хејтерите: „Кој ве научи толку многу да мразите?“

Игор Џамбазов, еден од најпопуларните македонски шоумени, во новогодишното интервју за единствениот естрадниот магазин „Бекстејџ“ …

error: Содржината е заштитена!