Почетна / Живот / Велковска : Мора да се преориентираме кон одржлив начин на живот

Велковска : Мора да се преориентираме кон одржлив начин на живот

Научници од Универзитетот во Охајо во најнова студија заснована на четиридецениско истражување утврдиле дека топењето на мразот на Гренланд дошло до точка од која нема враќање. Водена од ова истражување, активистката за заштита на животни и животна средина – Драгана Велковска со свое видување. Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост:

“Со својот изразено антропоцентричен начин на живот, човекот во исклучително кус временски период предизвика верижна реакција од катастрофи (загадување на сите медиуми на животната средина, климатска криза, пандемии) кои неизбежно ќе доведат до самоуништување на нашиот вид.

Мора веднаш да се преориентираме кон одржлив начин на живот!
– итно и ефективно да се преориентираме кон обновливи извори на енергија (соларна) и да обезбедиме енергетска независност
– итно да ги исклучиме животните од исхраната
– да прекинеме да фрламе храна. Наместо тоа, разумно да набавуваме и секој вишок, да го донираме
– итно и ефективно да го редуцираме отпадот
– Да заборавиме на пластика и на еднократка употреба
– итно и ефективно да се преориентираме исклучиво кон одржлив транспорт
– градбите задолжително да ни бидат енергетски ефикасни (и рационални!)

– да создаваме што повеќе креативни нови зелени површини во урбаните подрачја и да ги оставиме на мир шумите, планините и водите
– буџетите на институциите и нивните активности целосно да се прекројат во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина
– да инвестираме во образование кое се темели на принципите на одржлив развој, социјална правда и еднаквост
– да инвестираме во нови, напредни технологии, но не за да ги маскираме симптомите, туку за да ги отстраниме причините за самоуништувањето
– да создаваме одржливи и достоинствени зелени работни места
– да создаваме институции кои објективно и совесно ќе ги контролираат и санкционираат СИТЕ загадувачи
– да прекинеме да хиперпродуцираме, притоа осиромашувајќи и безмилосно експлоатирајќи цели народи, видови и земји.

Со една реченица: да прекинеме да го ставаме профитот пред правото на живот и благосостојбата на сите живи суштества што ја населуваат Земјата!

Земјата нема да ја уништиме, ќе ги уништиме условите за опстанок на човечкиот вид на неа.”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тажна вест | Почина Љубисав Иванов – Ѕинго, првиот човек на Силекс

Во 84та година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз …

error: Содржината е заштитена!