Почетна / Живот / Прокопиев доби прва награда на меѓународниот хаику конкурс 2020

Прокопиев доби прва награда на меѓународниот хаику конкурс 2020

Истакнатиот македонски писател Александар Прокопиев е добитник на првата награда „Радмила Богојевиќ”, на истоимениот IV меѓународен конкурс за хаику распишан во Р. Србија, организиран од страна на книжевникот Дејан Богојевиќ, на кое учество земаа дури 214 автори на хаику, од 33 држави од светот.

Меѓународното жири кое одлучуваше за наградите беше во следниот состав:
-Душан Стојковиќ (Србија)
-Ранко Павловиќ (Босна и Херцеговина)
-Аленка Зорман (Словенија)
-Нелица Ивановиќ Радовиќ (Црна гора)

Втората награда на конкурсот ја поделија две авторки: Ан Каран од Нов Зеланд, и Зои Савина од Грција, додека третата награда ја поделија Дитмар Таухнер од Австрија, Драган Ристиќ од Србија и Вандана Парашар од Индија.

Награденото хаику на Прокопиев, кое ја понесе првата награда:

Со грб на езеро
пребарува мејлови.
Странец на одмор.”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велковска: Правдата во Македонија – законска дупка од епски размери

Драгана Велковска, aктивистка за заштита на животни и животна средина so реакција на изјаснувањето од …

error: Содржината е заштитена!