Почетна / Сапуници / Ве потсетуваме на мексиканската новела „Вљубени и злобни“

Ве потсетуваме на мексиканската новела „Вљубени и злобни“

Се сеќавате ли на оваа теленовела, емитувана пред 15-тина години на Сител телевизија? “Вљубени и злобни” е романтична мексиканска теленовела, чиј буквален превод е “Светот на ѕверките”, каде режијата му припадна на мајсторот за теленовели – Салвадор Мехиа Алехандре (Есмералда, Росалинда, Злобница, Маќеа).

Серијата ќе остане запаметена по неверојатната ѕверка Јоселин и сите нејзини злобни апсурдни дела, кои ја вбројуваат во една од најдобрите негативки во теленовелите.

Габриел е богат бизнисмен, кој е во брак со психички нестабилната Јоселин. Габриел Сервантес Браво има син Луисито од бракот со Јоселин, а од првиот брак ги има синот Рохелио, посвоената ќерка Паулина, но во богатата куќа сега живеат и родителите на Јоселин, Клементе и злобната безкрупулозна Миријам, како и ќерката на Јоселин од првиот брак, Карен.


Животот на семејството на Габриел ќе се промени целосно со доаѓањето на вонбрачната ќерка на Клементе, Марианхела во големата палата, која започнува да работи како слугинка. Дон Клементе ја носи вонбрачната ќерка тука, но никој не знае дека таа е неговата ќерка и со тоа богата наследничка. Против нејзиното доаѓање се злобните ѕверки Јоселин, Миријам и Карен, кои стравуваат дека сега наследството ќе и припадне на милата и наивна Марианхела.

Марианхела и Габриел се вљубуваат, но на патот до остварување на нивната љубов ќе се постават многу пречки, пред сè од лудата Jоселин, која нема да бира средства да го задржи Габриел покрај неа и да ја уништи Марианхела. Марианхела знае дека сега ќе живее во куќата на ѕверовите, но не се плаши… Подготвена е да се бори против сите, особено против Јоселин, Демијан и Миријам кои ќе станат непобедливо трио…

Јоселин во својата болна опсесивност со својот сопруг, ќе започне да прави и ненормални работи, ќе започне да го малтретира и да му наштетува на малиот Луисито, ќе се сврти против Рехина, ќе го убие сопствениот татко, ќе го убие масерот, ќе го убие првиот сопруг, ќе ја киднапира Марианхела, но како најголема последица од нејзината злоба и лудост ќе биде смртта на Луисито.

Улоги: Габи Еспино, Цезар Евора, Едит Гонзалес, Хелена Рохо, Сара Малдонадо, Себастијан Рули, Лаура Флорес, Мишел Вит, Ернесто Лагуардија, Кармен Салинас, Рене Касадос, Азела Робинсон​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | И ова се случи во „Ангели“ – очувот ја затвори во кафез

Не престануваат морбидните сцени во турската серија “Ангели” која се емитува на телевизија Сител. Најновата …

error: Содржината е заштитена!