Почетна / Филм / Попладневни филмови викендов на Телма – „Finding your feet“ и „Verano 1993“

Попладневни филмови викендов на Телма – „Finding your feet“ и „Verano 1993“

Кога Сандра Абот открива дека нејзиниот четириесетгодишен сопруг има љубовна врска со нејзината најдобра пријателка, таа ќе побара помош од нејзината постара боемски расположена сестра Биф. Сепак, она што ѝ треба на Сандра е нешто поинакво. Таа неволно ќе ѝ дозволи на Биф да ја одвлече на нејзиниот час по танц, каде постепено таа почнува да ги наоѓа своите нозе… и својата нова романса.


Со ѕвездена актерска екипа вклучувајќи ги Имелда Стаунтон, Селија Имри, Тимоти Спал, Џоана Ламли и Дејвид Хејман, “Finding Your Feet” е урнебесна модерна комедија која докажува дека никогаш не е доцна да се започне повторно.

Комедијата ја гледаме во сабота на 12 февруари во 16.40 часот на Телма, а во истиот попладневен термин во недела на 13-ти, следува италијанската драма “Лето 1993”.

Во оваа драма, родителите на малата Фрида умираат од СИДА. Во новиот дом, шестгодишното девојче ќе учи да се справи со болката, а новото семејство да и покаже љубов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данската историска романса „Кралска афера“ на 14 јуни на Телма

Во 1767 година, британската принцеза Каролин е венчана за лудиот крал на Данска, Кристијан VII. …

error: Содржината е заштитена!