Почетна / Серии / „Fast Laughs“ – нова опција на Нетфликс, слична на Тик Ток

„Fast Laughs“ – нова опција на Нетфликс, слична на Тик Ток

Нетфликс воведе нова опција за мобилната верзија на апликацијата, благодарение на која корисниците можат да се забавуваат со кратки исечоци, наместо да гледаат цел филм или цела серија. Станува збор за функцијата наречена „Fast Laughs“, која многу потсетува на Тик Ток и работи на сличен начин.

Корисниците имаат можност да видат делови од емисии, за на брзина да се насмевнат, а доколку сакаат можат да ги сочуваат целосните емисии за да ги гледаат подоцна.

Веројатно големата популарност на Тик Ток е главната причина за Нетфликс да се одлучи на вакво нешто.

Освен во филмови и серии, Нетфликс доста вложува и во стенд ап продукција, па ова е уште еден добар начин гледачите да ги привлечат на својата платформа.

„Fast Laughs“ опцијата е достапна само за „iOS“ во одредени земји, но најверојатно ќе се прошири и низ целиот свет и на Андроид оперативниот систем.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чикаго ФД | Ни Лејди Гага не успеа да го изгаси згодниот пожарникар

Ѕвездата на Сителовата серија “Чикаго ФД”, Тејлор Кини беше во љубовна врска со познатата Лејди …

error: Содржината е заштитена!