Почетна / Живот / Ургентно барање за измена на одлуки на Влада во врска со миленици

Ургентно барање за измена на одлуки на Влада во врска со миленици

Група на здруженија од Македонија упатија барање до Претседателoт на преодната Влада, г. Оливер Спасовски, Министерот за здравство, г. Венко Филипче, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, г. Зоран Атанасов, Претседателот на Ветеринарна комора, г. Томислав Николовски, а во врска со измена на одлуки на Влада поврзани со миленици.

Во продолжение комплетното барање, кое до нас како медиум го испрати Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје.

“Почитувани,

Ви се обраќаме во име на сопственици на миленици и активисти за заштита на животни за неколку исклучително важни прашања поврзани со вашите најави и со одлуките на Владата в. в. со спречувањето на коронавирусот во земјава со кои граѓаните што се грижат за свои или за улични миленици се оштетени. Конкретно, бараме најитно да се овозможи следново:


1. Дозвола за изнесување миленик во рамки на полициски час во радиус од 200 м од живеалиште/престојувалиште по примерот на сите европски земји каде што има воведено полициски час и ситуацијата е регулирана на истиот начин.
2. Дозвола за посета на ветеринар/дежурна ветеринарна служба во рамки на полициски час во случаи на животозагрозувачка состојба на миленик по примерот на сите европски земји каде што има воведено полициски час и ситуацијата е регулирана на истиот начин.
3. Дозвола за изнесување миленик во рамки на полициски час како помош на лица кои се недоволно подвижни, во радиус од 200 м од живелиштето/престојувалиштето на тие лица по примерот на сите европски земји каде што има воведено полициски час и ситуацијата е регулирана на истиот начин.


ВАЖНО Со цел да се минимизира ризикот од ширење на коронавирусот, предлагаме лицата над 67 години кои се самостојни и подвижни самите да имаат право да ги изнесуваат своите миленици во радиус од 200 м од своето живеалиште/престојувалиште заштитени со маска и со ракавици.
Помошта за изнесување миленик од страна на трети лица да биде дозволена само кога сопствениците на миленици се недоволно подвижни и сл. со цел да се сведе на минимум движењето на граѓаните во време на полициски час.

Барањето е усогласено меѓу и поддржано од

Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., Скопје
Здружение за заштита на животните АНИМА МУНДИ, Скопје
Здружение граѓанска иницијатива за заштита на животните КАНЕ КОРЗО НАДЕЖ, Скопје
Здружение Асоцијација на активисти за права на животни ААПЖ, Скопје
Здружение за унапредување и заштита на благосостојбата на бездомните животни ДЕЈЗИ ФЕМИЛИ, Скопје
Здружение за заштита на животните и животната средина ШЕПАСТИ ЕНТУЗИЈАСТИ, Скопје
Здружението за заштита на животните ЕЈНЏЕЛКЕТС, Скопје
Здружение за заштита на животните ANIMAL WORLD, Струга
Здружение за заштита на животните АМОС ШЕЛТЕР, Скопје
Здружение за заштита на животните ПРО АНИМА, Берово
Здружение за заштита на животните ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ, Велес
Здружение за заштита на животните СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ ТИКВЕШ, Кавадарци
Здружение за заштита на животните АНИМАЛИА, Охрид
Здружение за заштита на животните и животната средина МАЛИ ХЕРОИ, Битола
Здружение за заштита на животните АНИМАЛ ЛАВЕРС, Струмица
Здружение за заштита на животните СПАСИ ЖИВОТ, Штип
Здружение за унапредување на благосостојбата на бездомните животни OHRID STRAYS, Охрид
Здружение на граѓани ВИКТОРС АРК, Велес
Активистичка група за заштита на животните НИЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ, Куманово
Активистичка група за заштита на животните од Штип”

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови романи на Божин Павловски преведени на англиски јазик

Во издание на „АЕА” и „Грифин Прес” од Мелбурн, продолжи издавањето на „Собрани романи” од …

error: Содржината е заштитена!