Почетна / Сапуници / Турската драма „Сестри“ секоја вечер по 21 часот на Сител телевизија

Турската драма „Сестри“ секоја вечер по 21 часот на Сител телевизија

Секоја вечер, по вестите на Сител во 21 часот ќе се емитуват новите продолженија од турската драма “Сестри” во која ќе ги гледаме познатите актери од турските мелодрами.

Серијата ги следи Умран и Умај, две сестри, кои живеат сосема различни животи.

И двете живееле во едно сиромашно село, но амбицијата за пари и живот во големиот Истанбул ја натерале Умај да ја предаде сестра си, да го превземе нејзиниот сакан Јилдирим и така да замине во место, исполнето со богатство и раскош, подалеку од мизеријата во која израснала.

А пак, другата сестра, Умран останала да живее тежок и горчлив живот, заедно со злобниот сопруг Џемал и ќерка ѝ Хајат.

Години подоцна, во обид да ја спаси ќерка си Хајат од агресијата на Џемал, Умран ќе го повреди Џемал и ќе заврши во затвор, осудена за насилство. Нејзината ќерка Хајат останува во канџите на Џемал, кој ја држи затворена во еден подрум и ја малтретира една година. За среќа, полицијата успева да ја спаси и да ја однесе во палатата на нејзината тетка Умај.

Во богатата вила, Хајат започнува нов живот со ново семејство, заслепена од гламурот и парите. Она што Хајат не го знае е дека всушност Умај е нејзината биолошка мајка, која ја напуштила како бебе за да замине во Истанбул.

Вистината полека излегува на виделина кога во вилата доаѓа и Умран, која излегува од затвор, подготвена да си ја поврати ќерка си назад. Но, нема само Умај да биде таа која нема да сака да се раздели од ќерка си, туку и самата Хајат, која не сака да се врати во сиромашното минато. Историјата на сестрите Умран и Умај се повторува и сега со нивните ќерки.

Хајат се вљубува во Волкан, платонската љубов на Хајат, ќерката на Умај и е решена да го задржи само за себе. И овојпат, две сестри во иста борба за љубов. И овојпат, предавството ќе зацрта нови судбини и ќе ги промени животите на сестрите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!