Почетна / Телевизија / ТВ Пакет со срдечни честитки за роденденот на Канал 5

ТВ Пакет со срдечни честитки за роденденот на Канал 5

Телевизија Канал 5 слави 25 години постоење.

Вчера во скопскиот ресторан “Воденица”, тимот на телевизијата го прослави својот голем роденден со настан на кој присуствуваа најголемите имиња од политичкиот, естраден и општествен живот во Македонија.

Нашиот портал срдечно испраќа честитки до сопственичкиот и менаџерски тим за долгогодишни успеси во полето на телевизијата, одлична соработка како и досега, како и желба за отворање на простор за малку поинаква програма од веќе вообичаената која се емитува и откупување на формати кои секогаш се интересни за гледачите.

Започна како скопска локална телевизија која веднаш се издвои по квалитетот што го нудеше како приватна телевизија, емитувајќи познати емисии како Црни бисери, Зевзекманија, …

… како и светски популарни серии како Симпсонови, Футурама, Закон и ред, Досие Икс, Како ја запознав мајка ви итн.

Беше првата телевизиска куќа која ги донесе хрватските сапуници на малите екрани, па истите уживаа неверојатна популарност за време на нивното емитување на Канал 5 (Вила Марија, Љубов во офсајд, Раткаеви, Обични луѓе, Лара).

Најгледаната колумбиска теленовела Кафе со мирис на жена се емитуваше токму на овој медиум…,

… а своевремено телевизијата го следеше трендот па емитуваше и јапонски аниме серии за деца, италијански сапуници и за прв пат пред нашата јавност ги претстави бугарските серии.

Денес е позната како телевизија која во главно емитува турски надсинхронизирани серии од странска програма, па несомнено вреди да се споменат серии како Величествениот, Забрането јаболко, Украден живот и Притаени страсти кои беа прикажани токму на оваа телевизија.

Особено внимание на социјалните мрежи како никогаш претходно покажа бразилската серија “Совршена” која ни го претстави темниот и опасен живот на девојките за придружба, па токму поради големиот интерес за овој тип на серии кои и ден денес го пројавуваат гледачите, тимот на ТВ Пакет искажува и јавно молба да телевизијата да продолжи со емитување на вакви серии како за промена од стандардната програмска шема.

За македонските гледачи, Канал 5 телевизија ги донесе и популарните српски шоу програми на Гранд, а продуцираше и свои реални и музички шоуа како Сам свој мајстор и Тајно моја.

Забавната програма во домашна продукција е особено актуелна на оваа телевизија последнава деценија, па така имавме можност да ги гледаме Екстра Ексклузив, една сезона од Тркало на среќата, дневните емисии на Драган Вучиќ, советите на баба Рада, Џи Карпет, Еден на еден, како и популарната манифестација за најдобрите Златна Бубамара на популарноста.

Телевизијата веќе 25 години се грижи за јавниот дискурс, креирајќи го јавното мислење, а со критичка опсервација на политичките настани.

Телевизијата 25 години се грижи за навремено информирање на гледачите, следејќи ги секојдневните настани кои се од јавен интерес како и прикажувајќи ги различните страни на вистината во дебатните емисии “Само вистина” и “Само интервју”.

Среќен роденден, Канал 5 телевизија !

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За оваа есен, Алфа најавува ТВ содржина од ланската сезона?

На веб страната на телевизија Алфа не постои дел во кој ќе бидат претставени сите …

error: Содржината е заштитена!