Почетна / Сапуници / ТВ 24 ќе емитува италијанска серија, веќе прикажана на Сител

ТВ 24 ќе емитува италијанска серија, веќе прикажана на Сител

Наместо премиерни содржини, телевизија 24 се одлучи оваа сезона да понуди репризи на странска програма. Па така, наместо премиерни филмови во 22.30 часот следиме филмови кои беа емитувани минатата 2021/2022 сезона.

А во терминот на попладневни серии, доаѓа серија која веќе се има емитувано во Македонија. Романтичната новела “Тоскана” премиерно беше прикажана пред неколку години на Сител телевизија во вечерен термин, а сега повторно на малите екрани.

Дали од сите светски продукции и нови серии, мора на гледачите да им се нудат репризи? Нема ли некоја италијанска, шпанска, руска можеби серија која не би била реприза?

И додека на телевизија 24 ќе гледате репризно италијанска сапуница, премиерно на националните телевизии ќе следите премиерни серии како Забрането јаболко, Неверство, Малите сонца, Кумови, Убијците на мојот татко, Нечиста крв, Полициска крв и многу други во најава.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!