Почетна / Филм / „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“ празнично на Сител

„Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“ празнично на Сител

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот – фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот – Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК „Македонија“ и нивниот германско-еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига.

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот – фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот – Втората светска војна.

Пред Втората светска војна, фудбалскиот клуб „Македонија“ од Скопје е просечен тим кој редовно ги губи натпреварите, претежно поради несериозниот однос на неговите играчи. Поради тоа, основачот на клубот, Димитрија, е фрустриран и сонува за тоа да направи шампионски клуб.

Најдобариот напаѓач на тимот, Коста, инаку познат шверцер, се вљубува во Ребека – убава и многу богата девојка. И таа се вљубува во Коста, но нејзиниот татко најостро се спротивставува на нивната врска и поради тоа, Ребека мора да ја напушти родната куќа и се согласува да живее во бедна, дрвена колиба со својот маж. Едно утро, бугарската војска и полиција го собира сите скопски Евреи ги собира во монополот од каде треба да бидат транспортирани во концентрационен логор.

Таткото на Ребека, претчувствувајќи ја смртта, ѝ го дава ланчето со сликата на мајка ѝ. Така, по играта на случајноста, единствено Ребека го избегнува прогонот на Евреите. Празнично, филмот ќе се емитува на најголемиот христијански празник, недела (19 април) од 14.15 часот на Сител.

Покрај “Трето полувреме”, во понеделник во 23.30 ќе се емитува уште еден познат македонски филм, “Балканот не е мртов”.

На почетокот на неговата воена кариера, Мустафа Кемал (Ертан Шабан), подоцна познат како Кемал Ататурк, се вљубува во Елени (Наташа Тапушковиќ), девојка од Монастири. Нејзиниот татко се противи на оваа љубов, а таа го посветува својот живот на чекање на Кемал.

По смртта на татка си, Елени е оставена сама да се грижи за својот брат и сестра, Анѓа (Драгана Костадиновска) и Дуко (Никола Ацески). Исто како и свршеникот на Анѓа, Дамјан (Благој Веселинов), Дуко посакува ослободување на Македонија од турците. Родителите на Дамјан, се убиени од Осман (Никола Ристановски), локален турски бег.

Барајќи одмазда, Дамјан оди кај Осман, и таму е убиен. Анѓа оди кај Осман, да го бара телото на Дамјан. Тој се вљубува во неа, ја киднапира и ја чува затворена во одаите на харемот…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јигит од „Забрането јаболко“ е геј во петочниот филм на Квир кино

На 11 септември со почеток во 19 часот, а во рамките на Денови на квир …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!